вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Десерт кој предизвикува носталгија: Како да ја направите вкусната Југословенска торта?

Десерт кој предизвикува носталгија: Како да ја направите вкусната Југословенска торта?

Во последно време торти најчесто нарачуваме од слаткарница, но нашите мајки и баби тоа речиси никогаш не го правеле.

Во македонските семејства често се правела оваа Југословенска торта, а ако ја направите по овој рецепт, цело семејство ќе биде задоволно. Кај повозрасните ќе предизвика и чувство на носталгија на времето кога се беше домашно и вкусно.

Состојки:

За кората

4 јајца
100 грама шеќер
200 грама брашно
100 милилитри масло
100 милилитри вода
прашок за печиво

За филот

1 литар вода
1 килограм јаболка
2 ќесички пудинг од ванила
100 грама шеќер

За украсување

500 милилитри слатка павлака или шлаг

Подготовка:

Изматете белки и шеќер во цврст снег. Измешајте ги издвоените жолчки со масло, вода, брашно и прашок за печиво.

Измешајте ги двете смеси со лажица.

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 20 минути.

Во 900 милилитри вода додајте шеќер и оставете ја да зоврие, па додајте ги ситно сечканите јаболка и загревајте дваесетина минути.

Измешајте го остатокот од водата со 2 пудинга и додајте ја во водата со јаболката, па продолжете да загревате околу 3 минути и врелата смеса истурете ја врз корите.

Кога ќе се излади тортата, изматете слатка павлака и шлаг и премачкајте. Оставете ја да отстои пред да ја послужите.