четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Десерт на денот: Тирамису во чаша

Десерт на денот: Тирамису во чаша

Совршен десерт во кој ќе ужива целото семејство!

Состојки:

450 гр. маскарпоне

Три лажици шеќер

12 пишкоти

¾ шолја кафе

Лажица рум

100 гр. шлаг

Малку какао

Начин на подготовка:

Промешајте го маскарпонето со шеќер, за да се соединат. Пишкотите потопете ги во течноста од кафе и рум. Во стаклена чаша сипете малку маскарпоне, па ставете малку пишкоти (скршете ја секоја пишкота на два-три дела). Редете додека состојките се истрошат.

Одозгора украсете со шлаг и наросете какао.