среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Домашен пудинг повкусен од оној во ресторан: Подгответе неверојатен десерт во неколку чекори

Домашен пудинг повкусен од оној во ресторан: Подгответе неверојатен десерт во неколку чекори

За карамелата ќе ви требаат:

– 120 гр шеќер
– 2 лажици вода

Друго:

– 3 јајца
– 500 мл млеко
– 50 гр шеќер
– кесичка ванилин шеќер
– лажичка густин

Подготовка:

Истурете го шеќерот во тенџере, додадете вода, па варете додека не порумени, односно додека не добиете карамела. Додека е жешко, внимателно истурете во сад по ваш избор. Истурете го млекото во тавата, загрејте го, но не дозволувајте да зоврие, па тргнете го од шпоретот. Измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и згуснувачот, а потоа додадете во топлото млеко и убаво измешајте. Смесата прелијте ја во сад врз карамелата, ставете ја во плех наполнет со вода и печете во рерна загреана на 160 степени околу 50 минути. Оставете го десертот добро да се излади, па превртете го на чинија.