недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Едноставен рецепт за брза штрудла со вишни и гриз

Едноставен рецепт за брза штрудла со вишни и гриз

Понекогаш од наједноставните состојки се прават највкусните десерти. Ако сакате да комбинирате топол десерт со крцкава текстура, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

600 – 700 гр вишни
100 гр гриз
80-100 гр шеќер
1 дл зејтин
1 дл минерална вода
500 гр готови кори
1-2 лажици шеќер за посипување

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени.
Измешајте ги вишните (свежи, од замрзнувач или компот) со гриз и шеќер. Оставете настрана. Измешајте го зејтинот со минерална вода.

Одделете ги корите – четири пати по три кори за да добиете четири набори кои содржат три листови.
Кората премачкајте ја со масло и вода, посипете со прстофат шеќер и покријте ја со кората. Постапката повторете ја со втората кора, а на третата ставете ја смесата со вишни и свиткајте ја штрудлата. Постапката повторете ја со сите кори.

Се редат во тава обложена со мрсна хартија, се премачкуваат со масло и вода и се посипуваат со шеќер.
Се пече во загреана рерна 30-40 минути.