петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Есенска варијанта на омилениот десерт, направете чизкејк со калинка

Есенска варијанта на омилениот десерт, направете чизкејк со калинка

Чизкејкот е омилен десерт за многу луѓе, а може да се подготви на стотици начини. Најпопуларната есенска варијанта е чизкејкот со калинка и шумско овошје.

Состојки за основата:

50 гр интегрален бисквит
25 гр путер омекнат на собна температура

Крем:

100 гр грчки јогурт
50 гр свежо крем сирење
75 гр слатка павлака
1 лажица шеќер во прав

Прелив:

250 гр шумско овошје
1 калинка
1 лажица шеќер
1 лажица свежо исцеден сок од лимон

Подготовка:

Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот. Смесата поделете ја во 3 чинии или чаши и добро притиснете. Оставете ја во фрижидер додека го подготвувате остатокот од десертот.

Слатката павлака се мати со шеќер во прав додека да стане цврста, се додава јогуртот со свежото сирење и се додава во шлагот. Нежно измешајте ги сите состојки додека не се соединат. Истурете го кремот врз подготвената бисквитна основа и вратете сè во фрижидер најмалку еден час.

Во меѓувреме, шумските плодови исечкајте ги на ситни парчиња и префрлете ги во тенџере, додадете шеќер и сок од лимон, ставете ги во тенџере и варете на тивок оган околу десет минути со постојано мешање. Оставете ја смесата да се излади и потоа додадете ја во кремот. Врвот на тортата украсете го со калинка.