вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Обратен чизкејк, брз и едноставен рецепт за вкусен колач

Обратен чизкејк, брз и едноставен рецепт за вкусен колач

Еден од најпопуларните колачи е секако чизкејкот, а во последно време е популарен колачот наречен обратен чизкејк кој е многу вкусен.

Состојки:

150 гр бисквити
100 гр шеќер
200 гр јагоди (може да биде и џем)
10 гр желатин
50 мл. вода
150 гр крем сирење
70 гр какао
250 мл слатка павлака

Подготовка:

Во сад наредете ги бисквитите, а во тенџерето истурете го шеќерот, па додајте ги јагодите. Мешајте додека не се растопи шеќерот, па прелијте преку бисквитите. Желатинот измешајте го со вода и оставете го да набабри.

За тоа време изматете го крем сирењето и какаото, па додадете го шлагот и соединете со миксер.

Потоа стопете го желатинот на пареа, па додајте го во филот со крем сирење и изматете. Прелијте врз јагодите. Ставете го малку во фрижидер.