понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Гибаница каква што правеа нашите баби: Лесна е за подготовка, а на вкус е совршена (РЕЦЕПТ)

Гибаница каква што правеа нашите баби: Лесна е за подготовка, а на вкус е совршена (РЕЦЕПТ)

Се сеќавате на уникатниот вкус на гибаницата од кујната на вашата баба? Сега можете да ја направите и вие.

Еве што ви е потребно:

1 килограм кора за гибаница

пет лажици кајмак

1 килограм бело младо сирење

5 јајца

три до четири лажици масло

2 чаши млеко

1 павлака

Рецепт:

Скршете пет јајца во сад, додајте пет лажици кајмак, издробени парчиња сирење, три лажици масло, две шолји млеко и павлака по желба. Сол по вкус.

Во голема и длабока тава ставете ги корите за гибаница и филувајте ги со претходно подготвената смеса, ред кори, па ред фил додека не ги потрошите сите кори и филот.

Тестото мора да биде густо, па затоа треба да најдете длабока тава. Задната кора премачкајте ја со жолчка, прободете ја со вилушка и ставете ја во рерна да се пече на 250 степени. Печете околу 1 час.

По желба во филот можете да ставите спанаќ, блитва, пржен праз…