Викторија Бекам е позната по тоа што има специјални диети за одржување на нејзиниот тен и витка линија. Така што за да го задржи светлиот изглед, секој ден јаде лосос, а неодамна изјави дека нејзиното омилено јадење е тостот направен од леб од пченица, што ги шокираше нејзините обожаватели.
Меѓутоа, таа сега излезе со нов рецепт за подготовка на чипс од кељ, кој е познат како крал на зеленчукот поради витамините и минералите, а исто така е одличен за варење и има антиинфламаторно дејство.
„И јас сакам да грицкам. Така ми недостасуваат тие мали грицки. Затоа избрав да подготвам чипс од кељ, кој ми е омилен. Една чаша од ова растение има 36 калории и нула маснотии. Признавам дека не е привлечно кога се готви, но кога ќе се пече целосно го менува вкусот, а подготовката е едноставна: премачкајте ги листовите од зелка со маслиново масло, сол и печете во рерна додека не станат крцкави“ – рекла Викторија.
„Понекогаш користам и модар патлиџан, морков или пашканат. Во зависност од тоа како ќе ги исечам толку зеленчукот и го печам, ако е подебел, мора да биде подолго во рерна. Се обидувам да ги исечам тенко и да ги попрскам со сол и бибер“ – откри модната дизајнерка.