четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Готов за 20 минути: Рецепт за неодолив колач од кокос којшто се топи во уста и не се пече

Готов за 20 минути: Рецепт за неодолив колач од кокос којшто се топи во уста и не се пече

Во текот на летните месеци најмногу сакаме рецепти за десерти кои не ни одземаат премногу време, а уште повеќе ги сакаме оние поради кои не мораме да ја вклучуваме рерната.

Денеска ви пренесуваме рецепт за кремаст колач од кокос којшто се топи во уста, а кој е готов за 20-на минути.

Состојки:

– 300 грама бисквити;
– 500 грама маскарпоне;
– 500 милилитри крем за шлаг;
– 200 грама бело чоколадо;
– 200 грама кокос;
– Малку млеко.

Подготовка:

1. Бсквитите натопете ги во млекото и распоредете ги во сад (20х28 сантиметри).

2. Во садот ставете го маскарпонето и белото чоколадо кое сте го стопиле, па матете со миксер.

3. Посебно изматете го кремот за шлаг, но да не биде многу цврст. Шлагот додадете го во маскарпонето и полека мешајте со лажица.

4. Додадете го кокосот и соединете сѐ.

5. Половина од смесата распоредете ја над бисквитите, останатиот дел од бисквитите повторно потопете ги во млеко и ставете ги над кремот.

6. Останатиот крем распоредете го над бисквитите.

7. Колачот ставете го во фрижидер, најдобро е да отстои во текот на цела вечер.

На здравје!