четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Готова е за 10 МИНУТИ: Божествена торта со БЕЛО ЧОКОЛАДО која има само 6 состојки и ќе ви стане омилен десерт!

Готова е за 10 МИНУТИ: Божествена торта со БЕЛО ЧОКОЛАДО која има само 6 состојки и ќе ви стане омилен десерт!

Колачите без печење се секогаш добар избор за брзо засладување на целото семејство, а единствената мана им е кога треба да чекаме да се изладат… Сепак, кога ќе добиеме совршенство на вкусот со неколку состојки, вреди да се почека !

Доколку сте љубители на бисквитите, белото чоколадо и неизбежниот крем од банана, оваа торта сигурно ќе ви се допадне. И секако не е на одмет што се подготвува за помалку од десет минути.

Состојки:

300 грама мелени бисквити
700 гр кисела павлака
10 сечкана крема од банана
3 лажици шеќер во прав (додадете уште ако сакате послатко, најдобро е да пробате по вкус)
200 гр бело чоколадо
100 мл слатка павлака

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги бисквитите, павлаката и бананите. Додадете шеќер во прав. Истурете ја смесата во кружен калап.

Израмнете ја смесата. На оган растопете го белото чоколадо со слатката павлака. Мешајте додека не се соединат.

Истурете ја смесата во калапот. Оставете во фрижидер да се излади и потоа засладете!