недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Грешки во исхраната што го забавуваат слабеењето

Грешки во исхраната што го забавуваат слабеењето

Почнавте режим на исхрана за слабеење, но резултатите заостануваат. Иако сте се префлиле на поздрава храна, сепак можно е да правите грешки што несвесно ги поткопуваат вашите напори за слабеење.

Ако се водите по конкретен режим на исхрана, сигурно целта е да внесувате што е можно помалку калории, да трошите повеќе и да го поттикнете организмот да ги согорува масните наслаги. Можеби си мислите дека се водите по планот, но има мали грешки што не ги калкулирате.

Пиете многу калории

Иако можеби сте го ограничиле внесувањето на храна и ги броите калориите во секој оброк, не заборавајте на калориите што ги внесувате со пиење. Алкохолот е забранет речиси во сите диети, ако сакате ефикасно да слабеете, но не се препорачуваат и сокови, дури и природни бидејќи содржат шеќер и одреден број калории, а исто така внимавајте на засладувачите и другите додатоци во кафето и чајот.

Добри намирници, лош прелив

Многу калории незабележано се „провлекуваат“ во разните сосови и преливи за салата, особено ако јадете во ресторан. Иако состојките во салатата се според вашата диета, сосовите што честопати се многу калорични, сигурно не ви се пресметани во дневниот број на калории.

Прејадување

И здравата храна дебелее ако ја јадете во неразумни количини. Поентата на диетата е да се научите да јадете не само здраво, туку и количински паметно. Исто така, ако јадете зеленчук и овошје, тоа не значи дека не внесувате калории. Некои овошја на пример авокадо, свеж кокос, суво овошје, банана и манго се многу калорични.

извор: thehealthystation.com