понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Идеја за ручек: Говедско месо во сос од печурки, совршен оброк за септемвриските денови

Идеја за ручек: Говедско месо во сос од печурки, совршен оброк за септемвриските денови

Говедско месо во сос од печурки е богат и вкусен говедски ручек кој можете да го јадете со пире од компири или со ориз како прилог. Иако гулашот се смета за комплициран рецепт кој бара одредени вештини и подолг престој во кујната, ова јадење треба да биде исклучително лесно за подготовка и за почетници и за оние со големо кулинарско искуство.

Состојки:
1кг чисто говедско месо исечено на коцки
1/2 лажичка сол
1/4 лажичка мелен црн бибер
1/4 шолја путер
1кг исецкани печурки
1 среден кромид исецкан
5 згмечени чешниња лук
1/4 шолја доматно пире
1 неутрална павлака
4 шолји говедска чорба
2 лажици исушен магдонос
1/2 лажица оригано

Подготовка:
Намачкајте го говедското месо со сол и бибер и оставете го да отстои 10 минути. Растопете една лажица путер во тенџере и динстајте го месото три до пет минути или додека бојата не добие светло кафена боја. Извадете го месото и оставете го на страна да одмори. Во истата тава повторно растопете го преостанатиот путер и пропржете ги печурките, кромидот и лукот. Продолжете да динстате додека печурките не омекнат.

Додадете го говедското месо. Варете уште две минути. Сега додадете го доматното пире, магдоносот, ориганото и говедската супа. Промешајте и доведете до вриење, а потоа покријте и вриејте еден час.

Кон крајот, истурете неутрална павлака, промешајте и варете уште две-три минути. Јадењето е подготвено за сервирање, можете да го послужите сам или со прилог по желба.