сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Има 7 одлични причини да се засладите со темно чоколадо

Има 7 одлични причини да се засладите со темно чоколадо

Иако некои нутриционисти не би го дефинирале чоколадото во категоријата на здрава храна, тоа е одличен избор.

Вкусното црно чоколадо е најздрав избор за десерт после овошјето. Секогаш кога имате желба за нешто благо, слободно посегнете по црно чоколадо.

Штити од срцеви заболувања

Црното чоколадо помага во намалувањето на високиот крвен притисок, со што го намалува ризикот од срцеви заболувања, па дури и од инфаркт.

Го намалува ризикот од рак на дебело црево

Во едно истражување спроведено во научниот институт за технологија на храна во Шпанија, се докажало дека полифенолите кои ги содржи црното чоколадо го намалуваат ризикот од канцерогени заболувања на дебелото црево.

Претставува извор на здрави масти

Маснотиите кои ги содржи црното чоколадо не го покачуваат холестеролот. Ова чоколадо во себе содржи и олеинска киселина која ја има и во маслиновото масло. Олеинската киселина помага против срцеви заболувања и ги потикнува антиоксидантните активности во телото.

Го подобрува метаболизмот на гликоза

Иако ова звучи нелогично, сепак темното чоколадо помага во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта.

Го подобрува расположението

Истражувањата покажаа дека црното чоколадо го потикнува производството на ендорфин (хормонот на среќа), кој е природен антидепресив.

Ја подобрува функцијата на мозокот

На Универзитетот во Нотингем, професорот Мекдоналд со помош на магнетна резонанца докажал дека мозокот на лицата кои консумираат напитоци со какао, работи подобро во споредба со просечниот мозок. Па, не е чудно што децата и студентите многу често кога учат инстиктивно посегнуваат по чоколадо, барем изберете квалитетно.

Ги намалува проблемите поврзани со ПМС

Црното чоколадо го потикнува лачењето на хормонот ендорфин кој го намалува чувството на болка и го подобрува расположението. На овој начин поволно влијае на олеснување на непријатностите поврзани со ПМС.