Верзијата на чизкејк со лимон е исклучително вкусна и освежителна.
За овој десерт со лимон не ви се потребни многу намирници.
Состојки:
200 гр бисквити со путер (на пр. петит бисквити, може и плазма)
2 лажици путер
1 лажица шеќер
2 лажици екстракт од ванила
350 гр маскарпоне сирење
кора од еден лимон
сок од три лимони
Подготовка:
Бисквитите смелете ги во блендер, додадете ги стопениот путер и шеќерот.
Распределете ја масата во калап и ставете ја во фрижидер.
Измешајте ги сирењето, ванилиниот шеќер, кората и сокот од лимон во сад.
Овој фил додајте го над кората и оставете во фрижидер малку за целосно да се излади.