среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Италијаните го обожуваат овој десерт: Не се пече, готов е за 15 минути и многу е вкусен

Италијаните го обожуваат овој десерт: Не се пече, готов е за 15 минути и многу е вкусен

Доколку сеуште не сте направиле тирамису, време е да стане дел од вашата кујна ова лето

Тирамисуто се подготвува буквално за 15 минути, а вкусот е фантастичен. Еве ја вашата шанса да блеснете како домаќинка кога ненадејно ќе ви се појават гости:

Состојки:

големо пакување пишкоти (48 парчиња)

250 мл слатка павлака за колачи

250 грама кисела павлака

100 грама шеќер во прав

2,5 дл силно црно кафе

малку рум

малку какао

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака, па додадете ги киселата павлаката и шеќерот. Остави настрана. Сварете го силното црно кафе и процедете. Додадете малку рум во кафето, па секоја пишкота потопете ја во изладената течност, наредете во огноотпорен сад или калап, па одозгора ставете го филот со крем, па уште еден слој пишкоти и одозгора ставете малку какао во прав. Изладете и послужете со кафе.