вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Италијанците вака ја подготвуваат најздравата вечера на светот: Се прави брзо, а е превкусна (ВИДЕО)

Италијанците вака ја подготвуваат најздравата вечера на светот: Се прави брзо, а е превкусна (ВИДЕО)

Палентата е еден од најздравите оброци којшто може да го подготвите за само 5 минути, а вие одлучувате кој прилог ќе го јадете со неа.

Италијанците ја подготвуваат највкусната палента и најчесто ја користат како основа со која јадат зеленчук на скара или некое варено месо.

Состојки:

– 250 грама палента;
– 1 литар вода;
– ½ лажичка сол.

Подготовка:

Ставете ја водата во тенџере и посолете. Кога добро ќе се загрее (но, не смее да врие), додадете ја палентата. Мешајте постојано додека ја додавате палентата во водата за убаво да се соединат состојките.

Кога смесата ќе стане густа и водата ќе испари, подготвена е. Ставете ја смесата во калап за леб којшто претходно сте го намачкале со масло за јадење, па покријте со проѕирна фолија и почекајте да се излади на собна температура. Потоа ставете ја палентата во фрижидер и оставете добро да зацврсти. Исечете по желба, па пржете на добро загреана тава.

Вака подготвената палента може да ја јадете за вечера, а со неа по желба може да послужите кефир или сирење, но и зеленчук на скара.

На овој начин ќе добиете нискокалоричен оброк којшто брзо ќе ве засити.

Пријатно јадење!