четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Избегнувајте ја оваа храна летно време, го зголемува потењето

Избегнувајте ја оваа храна летно време, го зголемува потењето

Некои намирници го зголемуваат потењето и затоа треба летно време да избегнувате да ги јадете.

Варењето на тешка храна бара поголема активност на метаболизмот, што индиректно ја зголемува телесната температура. Лекарите често истакнуваат дека за време на летот треба да се ограничи внесот на одредени намирници кои се тешки за варење.

Ако сте забележиле дека повеќе се потите, можеби проблемот се крие во исхраната. Тоа значи дека треба да избегнувате мрсна и тешка храна.

Портудете се што помалку да јадете зачинета храна, мрсни меса и месни производи, печена, пржена и похована храна, слатки, пијалаци со кофеин и газирани напитоци.

Избегнувајте боранија и димена риба бидејќи е тешка храна која ја отежнува циркулацијата.

Најдобро е да јадете зелена салата, домат, краставица, лубеници, диња, јаболки. Овие намирници содржат во просек над 80 проценти вода и се полни со минерали.