Нема подобро подготвен ручек од крцкаво месо со разни зачини. Овој рецепт е токму тоа, но и одлична можност да пробате нешто поинакво.
Состојки:
1 лажица кисела павлака
1 лажичка мелена слатка пиперка
малку рендано сирење
4 чешниња мелени лук
малку сув зачин
масло, сол, бибер
1 лажичка мед
1 лажичка куркума или пилешки зачини
1 лажичка соја сос
700 гр пилешки крилца
Подготовка:
Во сад ставете ги сите наведени состојки освен месото и убаво измешајте.
Секое крилце расукајте го во подготвената смеса и ставете го во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора наросете малку масло и сусам. Печете на 210 степени околу 45 минути.