вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Како делува медот против бактерии и зошто е добро да го земаме кога сме болни?

Како делува медот против бактерии и зошто е добро да го земаме кога сме болни?

Бактериите не развиваат отпорност на состојките на медот, поради што народната медицина е особено пожелна во некои ситуации.

Медот го стимулира формирањето на Б и Т-лимфоцитите и ги активира неутрофилите. Покрај тоа, гликозата, која ја има во изобилство, е извор на енергија за макрофагите. Тие создаваат хидроген пероксид, токсична супстанца за бактериите и на тој начин не штитат од обичната настинка, или помагаат во нејзиното лекување. Ова е веројатно една од причините зошто телото бара нешто слатко кога сме настинати.

Медот содржи голема количина шеќер, кој црпи вода од бактериите, што предизвикува нивна дехидрација. Покрај тоа, киселоста на медот е доста висока и го спречува развојот на бактерии. Постои и водород пероксид, кој се произведува со ензимско разградување на гликозата. Распаѓањето на пероксид произведува слободни радикали кои ги уништуваат бактериите. Познато е дека бактериите развиваат отпорност на антибиотици и тие стануваат се помалку ефикасни.

Но, тие не развиваат отпорност на состојките на медот, поради што народната медицина е особено пожелна. Од друга страна, пребиотиците го поддржуваат растот и репродукцијата на посакуваните пробиотски бактерии во цревата. Во медот има и фрукто-олигосахариди, па тоа е уште една причина да го земете за зајакнување на имунитетот.