вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ќе им успее и на почетници: Превртен колач со јаболка, готов за 10 минути!

Ќе им успее и на почетници: Превртен колач со јаболка, готов за 10 минути!

Едноставен колач со јаболка кој можете да го направите без премногу мака, а е совршено вкусен.

Ќе им успее и на оние кои немаат големо искуство во кујната, а сигурно сите ќе побараат парче повеќе.

Состојки:

3 јајца
75 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1/2 лажичка прашок за пециво
150 гр брашно
100 гр стопен путер
3 јаболка
шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Прашокот за пециво измешајте го со брашното и постепено додавајте го во јајцата. Цело време матете. Потоа додадете го растопениот путер и исто така измешајте го. Излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Подмачкајте го калапот и ставете ги јаболката (по желба посипете ги со шеќер или цимет.

Истурете го тестото врз јаболката, израмнете ги. Печете во загреана рерна на 180° 30-45 минути (времето на печење може да варира, тестирајте со чепкалка пред да ја извадите тортата од рерната). Готовиот колач посипете го со шеќер во прав.

Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: