четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Колач без брашно и јајца: Лесен рецепт за вкусни благи коцки кои се јадат и за доручек

Колач без брашно и јајца: Лесен рецепт за вкусни благи коцки кои се јадат и за доручек

Овесната каша е исклучително флексибилна храна со која можете да подготвувате различни јадења. Од овесот најчесто се подготвуваат каши, но може да се додаде и во разни палачинки и како додаток на главниот ручек.

Овесот може да послужи и како основа за фини, здрави колачи. Ако користите мелени овесни снегулки, не ви треба брашно.

Наместо јајца, користете презреани банани, кои ќе бидат многу меки и слатки и додадете малку јаткасти плодови, путер од кикирики и зачини.

Состојки:

250 мл путер од кикирики
180 гр мелени овесни снегулки
120 гр ореви
65 мл мед или јаворов сируп
3 презрели банани
1 лажичка цимет во прав
1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Излупете ги бананите и ставете ги во сад заедно со путерот од кикирики, медот, циметот и екстрактот од ванила. Со електричен миксер изматете ги состојките во мазна смеса.

Додадете го овесот и сечканите ореви и сè убаво измешајте.

Добиената смеса префрлете ја во подмачкан правоаголен или квадратен плех за печење.

Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 30 минути.

Пред послужување целосно изладете ја тортата. Добар апетит!