Секој не сака цвекло, но треба барем повремено да се јаде бидејќи содржи се што ќе не’ одржува здрави и силни во зимскиот период.
За промена направете вкусен колач со цвекло.
Состојки:
зејтин 100 мл
варено цвекло 175 гр
кафен шеќер 175 гр
брашно 200 гр
прашок за печиво 1
какао 50 гр
јогурт 200 гр
екстракт од ванила 2 лажички
прстофат сол
За прелив:
шеќер во прав 100 гр
павлака или крем сир 200 гр
какао 2-3 лажици
Подготовка:
Цвеклото варете го додека не омекне, а потоа испасирајте го во блендер. Сите состојки измешајте ги во сад, па истурете ја смесата во намрсена тава и печете околу 50 минути на 180 степени. Оставете го колачот да се излади.
За преливот измешајте ги сите состојки, премачкајте го колачот и ставете го во фрижидер да се излади. Оваа торта е вкусна без додатоци, но и со чоколадна глазура, шлаг и слатка павлака.