четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КОЛАЧ СО КОКОС КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ! Чоколадна фантазија на која никој не може да и одолее

КОЛАЧ СО КОКОС КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ! Чоколадна фантазија на која никој не може да и одолее

Доколку имате гости, ви предлагаме да направите баунти колач кој не се пече и ќе имате вкусен десерт.

Состојки:

200 гр бисквити од какао

230 гр путер + 1 лажица масло

500 мл кокосово млеко

250 мл слатка павлака

220 гр шеќер

60 гр кокосово брашно

80 гр гриз

200 гр кокос

100 гр кокосово масло

100 гр млечна чоколада

Подготовка:

Бисквитите изблендирајте ги, па помешајте ги со 80 гр растопен путер и убаво измешајте. Калапот обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата со бисквитите и добро притиснете.

Во тенџере измешајте го кокосовото млеко со слатката павлака (200 мл), а кога ќе се загрее додадете ги шеќерот, брашното, гризот и кокосот.

Варете со постојано мешање додека не се згусне филот. Исклучете го шпоретот, додадете путер (150 гр) и кокосово масло и мешајте додека не се соединат сите состојки.

Прелијте преку бисквитите и измазнете. Чоколадото растопете го со слатката павлака (50 мл) и лажица путер, па врз филот прелијте ја чоколадната глазура. Десертот треба да се олади во фрижидер преку ноќ.

Пријатно!