Кога станува збор за хранливата вредност, јајцата се едни од најмоќните намирници што можеме да ги внесеме во нашиот организам.
„Заедно со млекото, јајцата содржат највисока биолошка вредност или златен стандард на протеини“, напиша Кетлин М. Зелман, регистрирана диететичарка и директорка за исхрана за WebMD, на нејзината корпоративна веб-страница.
Според неа, едно јајце има само 75 калории, но затоа има 7 грама висококвалитетни протеини, 5 грама масти и 1,6 грама заситени масти, заедно со железо, витамини, минерали и каротеноиди.
И не само тоа, туку, како што наведува Кетлин М. Зелман, јајцата се лесни за конзумирање, добро ги поднесуваат и младите и старите, можеме да ги прилагодиме на секој оброк, а што е многу важно – тие се евтини.
Јајцата се навистина суперхрана, но дали може да јадеме премногу од нив и дали во тој случај ќе му наштетат на нашиот организам?
Иако „Medical News Today“ наведува дека не постои ограничување на бројот на јајца што човек може да ги изеде, 3 до 5 јајца дневно се сметаат за сосема доволни– советува Кетлин М. Зелман.