Нутриционистите тврдат дека на врвот на листата од 24-те врсти на овошје, со најјако делување на антиоксиданти, се наоѓа сливата, која е најдобро да се јаде во свежа форма.
Во 100 грама слива има 87 грама вода и 11 грама јаглени хидрати. Од витамини има највеќе Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Витаминот Ц е важен бидејќи помага подобро да се апсорбира железото во телото. Исто така, овој витамин помага во смалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, како и некои врсти на рак. Кога станува збор за минерали, богата е со калиум, фосфор, магнезиум, натриум.
Диетските влакна кои сливата ги има се исто така важни, бидејќи помагаат во намалувањето на холестерол во крвта. Шеќерниот алкохол, познат како сорбитол, се наоѓа во сливите, а се користи како замена на шеќер во производството на слатки диетски производи за дијабетичари, но и за други личности кои внимаваат на внесувањето на шеќер.
Нутриционистите тврдат дека се на врвот на листата од 24 врсти на овошје, со најјако антиоксидантно делување. Сувата слива во споредба со друго овошје има двапати повеќе антиоксидантна моќ. Во составот на сливата се наоѓа концентриран сорбитол и влакна кои даваат поголем лаксативен ефект во однос со свежи сливи.
Затоа и свежите и сувите сливи претставуваат мало богатство на калиум, влакна, витамини, а трага може да се најде и од железо и магнезиум. Во било кој облик ова овошје е богато со уникатен фитонутритиенти, како и неохлороген и хлороген киселина. Оваа супстанца припаѓа на семејството на фенолни соединенија, чија антиоксидантна улога е потврдена од различни научни истражувања.
При купувањето на слива треба да се земе тврда слива, неудрена и да има дршка. Површината треба да биде малку нејасна, што покажува дека сливата е добро третирана. Замрзнати сливи по правило треба да се чуваат во замрзнувач, најдолго до три месеци. Пред да ги ставите во замрзнувач треба да ги преполовите и да им ја извадите семката. Така преполовените сливи редете ги во сад со кожата надоле, па потоа замрзнете ги. Потоа ставете ги во пластична ќеса и вратете ги назад во фрижидерот.