Ако ви се допаѓа италијанската кујна, тогаш можете да подготвите вкусни шпагети со ракчиња и брокула
Состојки:
300 гр шпагети
Четири шолји сечкана брокула
Четвртина шолја маслиново масло
Две лажици балсамико оцет
Лажица сува мешавина од италијански зачини
Две чешниња лук
500 гр исчистени ракчиња
Четвртина шолја пармезан
Сол, бибер, магдонос, босилек
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во посолена зовриена вода според упатството на пакувањето.
Измешајте ги маслиновото масло, балсамико оцетот, мешавината од италијански зачини, сол и бибер, па добиената смеса истурете ја во загреана тава и динстајте ја минута или две на умерена температура.
Додадете ги сецканиот лук и исчистените ракчиња и мешајте уште три до четири минути. Сечканите цветчиња брокула варете ги во врела вода две минути, а потоа исцедете ги и измешајте ги со исцедените шпагети. Додадете ги ракчињата и сосот, зачинете со магдонос и босилек, посипете со пармезан и послужете додека е топло.
Пријатно јадење!