петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ледена плазма торта за оние кои знаат да уживаат

Ледена плазма торта за оние кои знаат да уживаат

Брза, лесна за подготовка смрзната плазма торта со неодолив вкус.

Состојки за кората:

4 јаjцa
4 лажици шеќер
50 мл вода
3 лажици зејтин
3 лажици меко брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво (10 гр)
100 – 200 мл чоколадно млеко

Фил:

400 мл слатка павлака
200 гр. шеќер во прав ( или по вкус )
700 гр. кисела павлака
400 гр. мелена плазма

Дополнително:

180 гр шлаг крем од чоколадо
млеко или вода за матење на шлаг кремот
100 мл слатка павлака
100 гр чоколадо

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Белките изматете ги со шеќер за да добиете цврста смеса. Потоа постепено додавајте ги жолчките, водата, зејтинот. Цело време матете со миксерот.

На крај додадете брашно, какао и прашок за печиво и се заедно матете.

На обложена тава со димензија 30 x 20 сантиметри, ставете ја смесата и печете на 180 степени околу 25 минути.

Испечената и изладена кора вратете ја во тавата без хартија, па прелијте ја со чоколадно млеко и оставете да упие.

Киселата павлака матете ја со шеќерот во прав. Во посебен сад изматете ја слатката павлака. Спојте ги во еден сад и измешајте со лажица.

Додадете ја плазмата, па повторно со мешање соединете. Целиот фил нанесете го на претходно испечената кора.

Изматете го шлагот, па обложете ја целата торта.

Доколку сакате може да ставите потенок слој од шлагот, па над него стопено чоколадо со 100 мл. слатка павлака. Оладете неколку минути и прелијте го чоколадото над шлагот и оставете да се излади. Завршете ја декорацијата со преостанатиот шлаг.

Добро оладете ја и послужете..