четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Лесен и совршен десерт: Торта од јагоди и бело чоколадо

Лесен и совршен десерт: Торта од јагоди и бело чоколадо

Ова е сладок десерт со кој можете да ги изненадите гостите или пак да уживате во кругот на семејството.

Состојки:

6 жолчки

250 гр. шеќер

250 гр. јагоди

750 мл. слатка павлака

250 гр. бело чоколадо

Начин на подготовка:

Измешајте ги жолчките и шеќерот, а кога смесата ќе стане пенеста, ставете ја на пареа. Постојано мешајте додека не добиете кремаста структура. Тргнете ја од пареа и чекајте додека не се олади.

Измиените и исечени јагоди изгмечете ги со вилушка. Измиксајте ја слатката павлака и додајте ја смесата од жолчки. Додајте ги и изгмечените јагоди, па се добро промешајте.

Смесата ставете ја во калап за торта и оставете да отстои во замрзнувач преку ноќ. Утредента стопете ја белата чоколада на пареа, малку изладете ја и прелијте ја преку тортата. Потоа оставете ја тортата уште 5 минути во замрзнувач.

Извадете ја од калапот и украсете ја по желба, со јагоди, рендано чоколадо, бадеми.