Месото е неверојатно сочно, а може да се јаде како посебен оброк или со помфрит и некоја салата
Состојки:
400 гр печурки
1 кромид
600 гр пилешко филе
100 гр тврдо сирење
брашно
Подготовка:
Кромидот ситно се сечка и се пропржува, па се додаваат сечканите печурки. Исечете го месото на шницли, а потоа исчукајте го со чекан. Зачинете со сол и бибер од двете страни. Во печурките додајте рендано сирење, а потоа истурете лажица, две врз месото и завиткајте во ролна. Се валкаат во брашно и се пржат на масло.