недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Магичен лек за спиење, една шолја и ќе заспиете веднаш!

Магичен лек за спиење, една шолја и ќе заспиете веднаш!

Не можете да заспиете? Се будите секое утро ненаспани и изморени? Овој рецепт е вистинското решение за вас!

Доколку патите од несоница, тогаш дефинитивно треба да го испробате овој народен, природен лек на база на млеко и мед, кој проверено ќе ви помогне полесно да заспиете. Ова е проверен и ефикасен древен лек. Се’ што треба да направите е да се напиете само една шолја од оваа мешавина пред да појдете на спиење и ќе заспиете за помалку од 10 минути.

Луѓето со векови ја користеле мешавината од мед и млеко за да направат лек за спиење. Дури и ако ги консумирате одвоено, состојките се исклучително ефикасни. Но, доколку ги помешате, нивните својства се зголемуваат неколкукратно.

Покрај тоа, важно е да се напомене дека медот е една од состојките кои стимулира контролирано лачење на инсулинот, кој пак стимулира ослободување на триптофон во мозокот.

Со ова соединение, триптофонот се претвора во серотонин, кој предизвикува чувство на опуштеност. Серотонинот пак, се претвора во мелатонин, општо познат хормон за спиење. Доколку ја разбравте оваа хемиска реакција, тогаш веќе знаете на кој начин млекото и медот помагаат во справувањето со несоницата.

Состојки:
180 мл. млеко
1 капка екстракт од ванила
1 лажичка мед

Упатство:
Ставете го млекото во мало тенџере и ставете го на шпоретот. Загрејте го, но не го зовривајте. Ставете го во шолја и додајте го медот и ванилата. Полека испијте го пред да одите на спиење.

Забелешка:
За луѓето кои се нетолерантни на лактоза, користете го истиот рецепт, но млекото, заменете го со нешто друго, без лактоза. На пример можете да користите млеко од ориз, соја или млеко од бадем.