четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

МЕД ОД ТИКВА: Го чисти телото од токсини и го обновува црниот дроб, еве како да го направите

МЕД ОД ТИКВА: Го чисти телото од токсини и го обновува црниот дроб, еве како да го направите

Тиквата е кралица на есента. Богата е со природни антиоксиданси и е одличен извор на витамините Ц, Е, К и Б, кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот и помагаат за одржување на здрава и сјајна коса.

Тиквата брзо ве заситува, ви дава дополнителна енергија и го подобрува видот.

Според народното верување, медот од тиква се препорачува на сите кои се борат со вируси и бактерии, како и на луѓе кои земале силна терапија, тој е добар за обновување на црниот дроб и чистење на телото од токсини.

Еве како да го подготвите:

Земете една тиква од околу 9 килограми, исчистете ја и измелете ја во мелница за месо, заедно со семките и јадрото. Додадете 5 килограми мед.

Во наредните 10 дена мора да стои на темно место со секојдневно мешање. На единаесеттиот ден, процедете ја смесата преку газа. Земајте 50 милилитри три пати на ден 30 минути пред секој оброк.