среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

МИЛКА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ! Подгответе го омиленото задоволство лесно и воодушевете го вашето семејство

МИЛКА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ! Подгответе го омиленото задоволство лесно и воодушевете го вашето семејство

Милка колачот отсекогаш бил омилен десерт, ќе излезе совршено вкусен без печење.

Состојки:

1 литар млеко

3 пудинзи од ванила

300 гр млечна милка чоколада

100 гр бела милка чоколада

10 лажици шеќер

500 мл слатка павлака

околу 200 гр плазма бисквити

Подготовка:

Во 200 мл млеко измешајте ги шеќерот и пудинзите. Остатокот истурете го во сад со средна големина и почекајте да зоврие на средна температура. Додадете ги изматените пудинзи и шеќерот, па мешајте додека не добиете пудинг смеса.

Смесата поделете ја на два еднакви дела, а во едниот ставете млечно, а во другиот бело чоколадо. Мешајте додека да се растопи чоколадото. После тоа, оставете ја смесата да се излади.

Изматете ја слатката павлака, па ставете 1/4 во белиот крем и 1/4 во темниот крем. Во кружен калап (може и во друг кружен сад) ставете фолија на дното и од страните, па истурете ја белата смеса и дел од темната смеса.

Малку измешајте ја смесата за да добиете црно-бели шари. Одозгора се става остатокот од слатката павлака (преостанатата половина), па остатокот од темниот крем. Правете сè полека и внимателно.

На крајот наредете ги плазма бисквитите натопени во млеко. Врз нив залепете уште едно парче пластична фолија и ставете во замрзнувач неколку часа. Извадете го колачот, отстранете го слојот од фолијата и ставете кружна тацна на колачот (подобро е малку поголема од калапот) и превртете го. Милка колачот без печење може да се декорира по желба.

Пријатно!