Идеално вторничко решение за ручек – во кој ќе ужива целото семејство.
Состојки:
– 1 кесичка замрзнати равиоли (полнети со сирење, месо или печурки);
– 250мл. сос од домати или сос за тестенини, по избор;
– 150гр. рендано сирење моцарела;
– малку сув босилек.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во огноотпорен сад истурете малку доматен сос.
Наредете ред равиоли, сос од домати и парчиња сирење. Потоа повторете го процесот.
Одозгора посипете со сув босилек. Печете додека сирењето не се растопи и сосот не зоврие, околу 15-20 минути.
На здравје!