вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Најсочниот десерт којшто ќе го пробате и веднаш ќе го закасате: Турски колач со мед и ореви кој ќе ве воодушеви

Најсочниот десерт којшто ќе го пробате и веднаш ќе го закасате: Турски колач со мед и ореви кој ќе ве воодушеви

Турските десерти надалеку се познати по својот вкус и мирис на која никој не може да им одолее.

Не постои подобар десерт од оној кој е направен според турски рецепт, а за да го дознаете овој не мора да одите до Истанбул, доволно е само да го прочитате и да го подготвите.

Турскиот десерт со мед и ореви е еден од омилените, особено меѓу постарите луѓе, но и меѓу децата.

Состојки:

– 4 јајца;
– 100 грама шеќер;
– 2 ванилини шеќери;
– 4 лажички мед;
– 4 лажички брашно;
– 4 лажици гриз;
– Половина прашок за печиво;
– 200 грама мелени ореви.

Прелив:

– 100 грама мед;
– 150 милилитри вода;
– Сок од лимон;
– Ванилин шеќер;
– Малку путер.

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Во смесата додадете мелени ореви, мед, брашно, гриз, прашок за печиво, цимет, сок и кора од лимон.

Сè добро измешајте, па во смесата додадете ги белките и повторно мешајте. Во помал калап којшто сте го премачкале со путер, ставете ја смесата. Печете 45 минути на 160-170 степени Целзиусови.

Млакиот колач добро натопете го со преливот од мед и лимонов сок, којшто претходно го направивте.