Ако сакате пудинг, тогаш ќе ви се допадне оваа ледена верзија
Состојки:
пудинг
шарени бонбони
парчиња чоколадо
чоколадни бисквити
мали пластични чаши
Подготовка:
Сварете го пудингот по вкус според упатството и оставете го да се излади на собна температура.
Ставете неколку бонбони на дното на пластичните чаши, издробете ги бисквитите, исечкајте го чоколадото и додајте го и тоа.
Прелијте го пудингот и ставете во замрзнувач неколку часа.