понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Не можат да ве заситат: Овие намирници често прават да се чувствувате гладни

Не можат да ве заситат: Овие намирници често прават да се чувствувате гладни

Ако постојано сте гладни, имате потреба да внесувате поголемо количество шеќер, ви се јаде благо и не можете да се контролирате, треба да обратите внимание на храната која постојано ја користите а всушност го засилува чувството на глад.

Некои прехранбени продукти, наместо да заситат повеќе поттикнуваат гладта да се засили. Ако сте започнале диета, или едноставно не сакате да се прејадете, откријте кои намирници делуваат спротивно, и ве прават зависници од таа исхрана.

Помфрит – вкусен прилог на многу јадења, можете да го јадете и само него, најчесто со додаток на кечап. Но, иако ретко кој може да му одолее, овие јаглехидрати се преполни со скроб, така што многу брзо ќе огладнете без оглед колку помфрит ќе изедете.

Бела тестенина – поради индустриската обработка, оваа намирница не содржи доволно хранливи состојки и влакна, па затоа е поконцентрирана отколку здравите намирници. Таа пропаѓа на едноставните јаглени хидрати што го зголемуваат нивото на гликоза во крвта, поради што ќе чувствувате повеќе глад.

Овошен јогурт – јогуртот е одличен извор на калциум кој е добар за поздрави коски. Но, ако го консумирате оној со вкус на некое овошје, ќе внесете во организмот многу повеќе шеќер отколку хранливи состојки.