Сезоната на сливи е во полн ек. Искористете ја и направете ја оваа вкусна, едноставна и брза торта со додаток на ова обожавано овошје, во кое нотите од цитрус се комбинираат со неодоливата сладост на ванилата.
Состојки:
4 јајца
15 дкг шеќер
30 дкг брашно
2 мали лажици прашок за пециво
10 дкг путер
10 големи лажици млеко
сок од 1 лимон
1 мала лажица екстракт од ванила (или 1 мешунка од ванила)
30 дкг сливи
Подготовка:
Измешајте го прашокот за пециво во брашното и оставете го на страна. Растопете го путерот на тивок оган. Измијте ги сливите, исечете ги на половина (или четвртини, во зависност од вашата желба) и задолжително извадете ги семките.
Измешајте ги сите јајца со шеќерот додека смесата не добие светло жолта боја и не се удвои во големина. Во него полека додајте путер (мора да биде млак, не топол), потоа сокот од лимон и млекото. Потоа додадете ванила. Ако сакате да користите мешунка наместо екстракт, пресечете ја на половина и со нож изгребете ги семките, па потоа додадете ги во смесата.
На крај додајте го брашното мешајќи со миксер на мала брзина.
Плехот за печење намачкајте го со путер или масло по желба и посипете со презла. Истурете ја смесата во плехот и одозгора наредете ги сливите. Потоа ставете го колачот во рерна на 180 Целзиусови степени и печете околу 30 минути. Колачот е готов кога ќе добие убава златна боја и ќе се одвои од рабовите на тавата.
Совет: Колачот можете да го послужите со топка сладолед од ванила или малку шлаг.