сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Не ви требаат скапи третмани, оваа храна ќе ви помогне против брчките

Не ви требаат скапи третмани, оваа храна ќе ви помогне против брчките

Еден од најголемите стравови на многу жени се брчките. Во обидите да се борат со времето, жените користат најразлични козметички продукти и се подложуваат на најразлични козметички процедури.

Но, „моќно оружје“ може да биде и храната.

Еве која храна ќе ви помогне да изгледате помладо:

Риба и омега-3 масни киселини. Лососот, скушата и другите мрсни риби се богати со омега-3 масни киселини кои прават чуда за вашата кожа. Истражувањата покажале дека редовната консумација на омега-3 масни киселини го намалува ризикот од стареење на кожата со 25%.

Уште и оревите, маслото од канола и лененото семе се одличен извор на омега-3 масни киселини.

Маслиново масло. Маслиновото масло е богат извор на олеинска киселина. Таа е една од масните киселини кои ја прават кожата еластична.

Маслиновото масло содржи и други есенцијални масни киселини коишто се борат против воспаленијата во телото, а витаминот Е и полифенолите кои се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.

Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор. Освен тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, а докажано го намалуваат и нивото на „лош“ холестерол.