вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Неодолива комбинација од ЛЕШНИК, БИСКВИТИ И ЧОКОЛАДО: Бомбици кои нема да можете да престанете да ги јадете (РЕЦЕПТ)

Неодолива комбинација од ЛЕШНИК, БИСКВИТИ И ЧОКОЛАДО: Бомбици кои нема да можете да престанете да ги јадете (РЕЦЕПТ)

Кремасто и крцкаво задоволство кое лесно се подготвува

Состојки:

– 200 гр печени лешници

– 150 гр бисквити со лешник

– 250 гр чоколаден крем по желба

За глазурата:

– 200 гр чоколадо

– 2 лажици масло

– 50 гр печени лешници

Подготовка:

Лешниците и бисквитите (наполитанките) сомелете ги заедно, префрлете ги во поголем сад и додадете 250 гр омекнат чоколаден крем. Добро измешајте и ставете во фрижидер еден час да се стегне.

Потоа од масата направете бомбици кои ќе ги наредите во плех и ќе ги вратите во фрижидер. Чоколадото растопете го со масло, додадете ги изблендираните лешници и оставете да се излади околу 10 минути.

Потопете ги бомбиците од фрижидерот во чоколадо, истресете ја вишокот глазура, наредете ги на хартија за печење, префрлете ја хартијата во тава. Повторно ставете го во фрижидер. Подоцна ставете ги бомбиците во корпи за колачи.

Ако сакате, во секое топче можете да ставите по еден цел лешник, за да изгледаат поубаво.