вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Нов хит пијалак кој го рамни стомакот и помага против подуеноста (ВИДЕО)

Нов хит пијалак кој го рамни стомакот и помага против подуеноста (ВИДЕО)

На социјалните мрежи масовно се шири нов тренд за пијалак што помага веднаш да проработат цревата, да се решите од подуеноста, а со тоа и брзо да го израмните стомакот.

Станува збор за пијалак кој е богат со влакна кои помагаат за побрзо варење на храната, а е одличен за сите оние што имаат проблем со затвор, подуеност или пак имаат проблеми со варењето на храната.

Слабата физичка активност и долгите часови пред компјутер и во канцеларија придонесуваат за создавање на т.н. мрзеливи црева и проблеми со подуеноста во стомакот.

Сепак, треба да имате предвид дека наглото зголемено внесување производи богати со влакна може да има лош ефект по здравјето, па потребно е да се консултирате со лекар во однос на тоа колку и дали смеете да го консумирате овој пијалак.

Во продолжение погледнете како се подготвува.

Потребни состојки:

180ml вода
2 големи лажици чиа семе
1 парче лимон

Начин на подготовка:

Во чашата со вода се става чиа семе, се истиснува сокот од лимон и оставате пијалакот да стои околу 5 минути за чиа семето да ја апсорбира водата.

Пијалакот треба да се консумира на празен стомак и помага за прочистување на организмот.

Според киропрактичарот Дарил Гиофре кој прв го сподели рецептот, овој пијалак дејствува како „бомба за прочистување“ која веднаш помага да се забрза варењето на храната, а на тој начин да се ослободите од подуеноста и да се израмни стомакот.

Треба да се знае дека чиа семето содржи голем број влакна кои помагаат за подобро варење на храната.

Сепак, пред да почнете да го консумирате овој пијалак задолжително консултирајте се со лекар.

Погледнете го видеото од подготовката на пијалакот:

@kellybaums But the bullet so you didn’t have to. #internalshower #chiaseedwater #humor ♬ original sound – Kelly B