Потребно е:
500 гр готови средни кори
250 гр сирење
50 мл јогурт
2 јајца
2 лажици масло
1 прашок за пециво
250 гр виршли (нема потреба од готвење)
масло
Подготовка:
Издробете го сирењето со вилушка, додадете јајца, масло, јогурт и прашок за пециво. Се убаво измешајте.Првата кора ставете ја на маса, па премачкајте ја со масло, врз неа додајте ја втората кора и премачкајте ја. Ставете 3 полни лажици фил. Врз филот ставете 2 виршли и покријте ги со филот. Преклопете ги рабовите и роловајте ги. Се редат во подмачкан плех. Исечете ги на саканата должина, премачкајте ги со масло и по желба посипете ги со сусам.
Печете на 200 степени околу 40-45 минути додека убаво порумени. Послужете топло.