вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Омилениот зимски напиток на Јелена Ѓоковиќ штити од настинки: Го смирува воспаленото грло, а е одличен и за кожата

Омилениот зимски напиток на Јелена Ѓоковиќ штити од настинки: Го смирува воспаленото грло, а е одличен и за кожата

Јелена Ѓоковиќ открила што обожува да пие во студените денови за да го зајакне својот имунитет.

Познато е дека сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ исклучително води грижа за исхраната и се труди сè што консумира да биде природно и здраво. Неодамна таа откри кој ѝ е еден од омилените зимски напитоци, а станува збор за чајот од куркума.

Бенефитите на чајот од куркума се бројни, а тој пред сè е одличен за зајакнување на имунитетот и заштита од настинки. Чајот е богат со витамини, минерали и други корисни соединенија, а тука се пред сè куркуминот кој е моќен антиоксидант, како и манганот, железото и бакарот.

Чајот од куркума има и антивоспалителни својства, може да ги смири воспаленијата и помага во лекување и превенција на хроничните инфламаторни болести. Исто така го смирува и воспаленото грло и има антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.

Одличен е и за кожата, особено за акните, а покрај тоа е добар и за концентрацијата и за ублажување на главоболките.

Покрај чаевите, сопругата на најдобриот српски тенисер и директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ често консумира и смутија.

Новак и Јелена го започнуваат денот со млака вода со малку лимонов сок, а првиот оброк им е најчесто некое смути. Во овие кашести сокови можат да се додадат разни здрави намирници – од семки па до лековити зачини како што е токму куркумата, цимет или ѓумбир.