Преголемиот внес на сол лошо влијае на здравјето на нашето срце и крвните садови, а една од последиците е и зголемен крвен притисок.
Овие знаци покажуваат дека внесувате премногу сол во вашиот организам.
1. Имате проблеми со бубрезите. Натриумот влијае и на функцијата на бубрезите, а преголемата количина на сол и натриум предизвикува создавање на бубрежни камења. Експертите велат дека личностите кои имаат проблеми со бубрезите треба да го ограничат внесот на сол на максимум една мала лажичка дневно, а зависно од тежината на здравствените проблеми, количината би требало да биде уште помала.
2. Одеднаш се чувствувате подуено и потечено. Само еден ден претерување со внесот на сол може да предизвика оток кај луѓето кои имаат забавен организам или здравствени проблеми. Отокот настанува поради акумулација на течностите, а него може да го предизвика големиот внес на натриум кој се наоѓа во солта.
3. Често сте жедни. Храната со висок процент на натриум (чипс, пица и слично) ќе влијае врз балансот во вашиот организам и ќе ве направи жедни. Кога јадете вакви намирници обидете се да испиете што повеќе вода за на вашиот организам да му го дадете она по кое копнее во тој момент – течност. Ако чувството на жед е ненаситно, тогаш побарајте совет од доктор бидејќи тоа е еден од тивките симптоми на дијабетес.
4. Преголемиот внес на сол лошо влијае на здравјето на нашето срце и крвните садови, а една од последиците е и зголемен крвен притисок.
Совет: Експертите велат дека дневно не би смееле да внесуваме повеќе од 5 грама сол (количина која ја собира во една чајна лажица), а внесот на натриум не би смеел да изнесува повеќе од 2 грама. Кога го солите јадењето, правете го тоа со прсти, а не со соларче бидејќи така полесно ќе ја контролирате количината која ќе ја додадете во храната.