вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ОРЕО ТОРТА КОЈА СЕ ПЕЧЕ ЗА ТОЧНО 6 МИНУТИ: Мека, чоколадна и едноставно неодолива

ОРЕО ТОРТА КОЈА СЕ ПЕЧЕ ЗА ТОЧНО 6 МИНУТИ: Мека, чоколадна и едноставно неодолива

Порано,тортите беа комплицирани за подготовка ги правеа само домаќинките со вешти раце,но денес тие се лесни за правење, бидејќи има многу едноставни рецепти.Ви предлагаме да ја пробате и оваа орео торта која ќе ви се допадне на прв залак,а најдобро од сè,потребни се само 6 минути за да се пече.Најчоколадна торта можете да ја направите без многу труд и со само неколку состојки.

Состојки:

28 парчиња орео бисквити
1 лажичка прашок за пециво
250 мл млеко
За ганашот:
150 гр чоколадо
150 мл слатка павлака

Подготовка:

Одделете го белиот крем од чоколадниот бисквит, па добро изблендирајте го бисквитот.

Во мелениот бисквит додадете прашок за пециво и измешајте.Потоа истурете го млекото и додадете го белиот крем (кој го одвоивте од бисквитите).

Убаво соединете ги двете, па истурете ја смесата во подмачкан сад обложен со хартија за печење и печете ја во микробранова на 750 W точно 6 минути.

Извадете ја хартијата од кората,па направете го чоколадниот ганаш така што ќе го стопите чоколадото со слатката павлака,па прелијте го врз колачот.Украсете со мелени орео бисквити.