Одличен колач за лето бидејќи не се пече! Кремаста торта со мелени бисквити ќе го воодушеви целото семејство. Брзо и лесно се подготвува, а вкусот е навистина феноменален.
Се состои од два слоја и можете да го декорирате со шлаг и малку прелив по избор.
Долен слој:
300 гр мелени бисквити
100 гр шеќер во прав
100 гр путер
200 мл млеко
Горeн слој:
100 гр шлаг во прав
200 мл млеко
400 гр павлака 20%
300 гр мелени бисквити
шеќер во прав по желба
Подготовка:
Се мати путерот со шеќерот во прав, се додаваат мелените бисквити и повторно се мати. Потоа додадете млеко и соединете сè. Смесата треба да е густа.
Во тава со димензии 30 x 20 см се става целата смеса за кората и потоа со шпатула рамномерно се распоредува.
Изматете го шлагот со млеко, додадете павлака и шеќер по желба и се матете. Потоа додадете мелени бисквити и соединете. Оваа смеса треба да биде фил.
Додадете шлаг по желба и оставете убаво да се излади. Пријатно!