вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ОСВЕЖИТЕЛНА ТОРТА СО ПРАСКИ Летен десерт на кој никој не може да му одолее (РЕЦЕПТ)

ОСВЕЖИТЕЛНА ТОРТА СО ПРАСКИ Летен десерт на кој никој не може да му одолее (РЕЦЕПТ)

Направете ледени коцки со праски и ќе имате вистински летен десерт.

Состојки:

200 гр пишкоти
200 мл млеко

За фил:

500 мл слатка павлака
100 гр шеќер во прав
200 гр праски

За декорација:

300 гр праски
250 мл ладна вода
15 гр желатин

Подготовка:

Потопете ги бисквитите во млекото и наредете ги во огноотпорен сад.

Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, па додајте ги ситно сечканите праски кои претходно сте ги излупиле од кората. Со филот прелијте ги бисквитите.

Наредете ги праските кои веќе сте ги исечкале. Желатинот измешајте го со вода и почекајте да набабри, а потоа растворете го и посипете го врз овошјето.

Ставете го десертот да се излади во фрижидер 3 часа.