петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ОВАА храна предизвикува среќа кај луѓето, еве за што ви даваат сила овие намирници

ОВАА храна предизвикува среќа кај луѓето, еве за што ви даваат сила овие намирници

Ние издвоивме неколку намирници кои докажано имаат позитивен ефект, веднаш по јадењето.

Лосос

Овој вид на риба содржи омега-3 масни киселини, кои се добри масти и се од суштинско значење за подржување на мозочните функции и зголемување на меморијата. Ако на лососот му додадете малку ореви и спанаќ, ќе го почувствувате ефектот на магнезиум и омега-3 кои ќе ви помогне да го  поминете напорниот разговор со шефот.

Овес

За да не бидете мрзливи и полесно да ја пребродите утринската нервоза, ве советуваме за појадок да јадете овесни снегулки.

Бадеми

Многу често се пишува за делотворноста на бадемите. Запомнете дека една шака со бадеми ќе ви ја зголеми значително кондицијата за време на кардио тренингот. Фолна киселина, терозин, магнезиум и антиоксиданси содржат бадемите. Изедете ги половина час пред да отидете на тренинг и ќе бидете полни со енергија!

Портокал

Сакате ли целосно да го отстраните стресот!? Витаминот Ц докажано го намалува нивото на кортизол – хормонот на стрес во крвта. Што значи дека значително ќе ве смири, само не претерувајте да не оставите впечаток дека сте на антидепресиви.