Есенските плодови ги има на сите пазари и маркети, предизвикувајќи нe` со своите прекрасни бои, облици и мирис.
Експертите ве советуваат дека намирниците е најдобро да ги консумирате во нивната сезона, а во есенските денови задолжително мора да уживате во овие намирници:
Јаболко
Јаболките можат да се купат во текот на целата година, но есента е совршениот месец за да ги консумирате дури и помалку познатите сорти. Домашното и зрело јаболко е одличен извор на витамини, минерали и прехрамбени влакна, а освен како здрави плодови, може да ги искористите и за подготовка на зимници или за да направите вкусна пита.
Круша
Раните круши би требало да се консумираат кога се веќе меки на допир, бидејќи токму тогаш изобилуваат со нверојатен вкус и арома. Исто како и јаболките, и крушите доаѓаат во различни сорти, па секако вреди да ги истражите. Ова овошје е одличен извор на калиум кој што ја регулира работата на циркулаторниот систем и учествува во изградбата на коските и забите.
Грозје
На есен грозјето го доживува врвот на својата сочност и сласт, па токму затоа овој месец е совршен за купување на омилените бобинки, особено оние од црните сорти. Бобинките тогаш стануваат шеќерно слатки. Во прекрасното грозје се наоѓаат и значајни количества од витамините Б и Ц, како и полифеноли кои што го штитат срцето и крвотокот од болести.
Тиква
Есента е совршено време за да купите тиква и да ги испробате некои од есенските специјалитети. Тиквата е преполна со бета-каротени кои што го зајакнуваат имунитетот на телото од сезонските настинки, но и го штитат организмот од влијанието на слободните радикали.