петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Овие комбинации не смеете да ги јадете, намирниците ќе ви направат проблем

Овие комбинации не смеете да ги јадете, намирниците ќе ви направат проблем

Сите знаеме дека некои производи не можат да се комбинираат. Меѓутоа, постојат нејасни, но истовремено и нездрави комбинации кои треба да ги избегнувате.

Можеби ќе се изненадите кога ќе ја видите листата.

Домати и сирење

Оваа комбинација е многу вкусна, но го преоптеретува панкреасот и црниот дроб. Киселините од доматот реагираат кога се во комбинација со калциумот кој се наоѓа во белото сирење, создавајќи специфични наслаги во нашите зглобови.

Нормално, не е неопходно во целост да ги исклучите доматот и сирењето од менито, но не треба пречесто да ги користите овие произоди заедно.

Помфрит и јајца

За време на пржењето компири, се формира голема количина на скроб и канцерогени супстанци, затоа може дополнително да ја влошите ситуацијата со протеините од јајцата.

Колачи и млеко

Ако јадете благо пециво (колачи, кекси) со млеко или какао, ризикувате за појава на киселини и непријатна ферментација во стомакот. Генерално, нутриционистите веруваат дека млекото треба да се консумира одвоено од останатите производи. Единствен исклучок е црното кафе.