„Pastel – Wine and Dine“ е нов современ и модерен ресторан во центарот на Скопје, веднаш спроти театар Комедија, на булеварот Св. Климент Охридски, кој ви нуди и промовира современ пристап во подготовката на храна.
За целокупното доживување во ресторанот се грижи шеф Огненовски, кој што своето искуство и образование го има стекнато со 8 годишна работа заедно со шеф Лоренцини Дучо (Duccio Lorenzini) и Лука Черетани (Luca Cerretani) од Тоскана.
Влатко заедно со Елена Сотирова, дипломиран готвач со посебен фокус на т.н. крио кујна, каде што јадењата се подготвуваат на температура од -200⁰C и Игор Стојановски, готвач за пецива и слатки, со голема дисциплина и совршени техники се грижат секој оброк да биде подготвен со многу љубов.
Во овој ресторан преовладува фузија на искуство од традиционални и стари рецепти од Франција и Италија споени со нови и модерни техники на готвење. Според квалитетот на храната и специфичните вкусови, во „Pastel – Wine and Dine“ во моментов може да доживеете кулинарско искуство како во еден модерен бутик ресторан во најсовремените светски гастрономски метрополи.
Понудата на „Pastel – Wine and Dine“ започнува со вкусни домашни печива и неколку видови на леб за појадок и продолжува со добро одбрано мени за ручек и вечера и секако голем избор на десерти кои се базирани на француската кујна во нејзина изворна форма, како што е користењето на белгиско чоколадо, австриски путер и вистински ванила стапчиња.
Во „Pastel – Wine and Dine“ ќе најдете и неколку вида на превкусните и уникатни салати во кои преовладуваат традиционални вкусови осовремени со новите трендови. Главната карактеристика е врвната понуда на главни јадења базирани на традиционалната италијанска и француската кујна со примеси на американскиот бистро стил на готвење.
Гастрономијата на овој ресторан е надополнета и со одличен избор на вина, при што е водено посебна внимание истите да се надополнуваат и комбинираат со јадењата кои што се дел од менито.
Главниот пристап во готвењето на шеф Огненовски е базиран на т.н. примитивна кујна каде е дозволено користење само на основни продукти кои можат да се најдат во природата. Поради тоа јадењата подготвени на овој начин се исклучително здрави, со богати вкусови, но и тешки за подготвување.
Од сега, кој сака да ужива во вкусна храна, убава атмосфера и вкусни десерти нека го посети ресторанот „Pastel – Wine and Dine“.
Следете ги на:
Facebook: facebook.com/pastelmk
Instagram: instagram.com/pastel.mk
Web: pastel.mk